ДЗС: Болеста Чвореста кожа потврдена во уште три региони

Од:

Вкупниот број на афектирани животни од болеста Чвореста кожа (БЧК) кај говедата заклучно со вчера е 192, односно зафатени се 11 стада. Болеста е потврдена во уште три нови региони, а за две места постојат само сомнежи.

Ова било истакнато на вчерашниот состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со претставници од сите релевантни институции кои согласно Законот за ветеринарно здравство се вклучени во спроведувањето на плановите за итни мерки со цел за сузбивање и искоренување на БЧК. 

– На состанокот директорот на АХВ Зоран Поповски информираше дека покрај во Делчево, Радовишко, Штипско и Демир Капија за кои и лабораториски е потврдено постоење на болеста кај добитокот, потврдени се уште три нови региони, а за две места постојат само сомнеж. Потврда од лабораториски испитувања има и за селата Иловица и Моноспитово во општина Босилево и во населеното место Висока Мала во општина Василево, Струмичко, а појава на сомнеж и се чека резултат од лапаротомија за село Канатларци во општина Прилеп, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Оттаму посочуваат дека досегашните искуства укажуваат дека единствена заштита е вакцинирањето на животните, но додаваат дека се неопходни од еден до три месеци за набавување на вакцината. 

– Со цел за сузбивање и спречување на ширење на болеста, воспоставени се три заштитни зони во радиус од три, 10 и 50 километри околу жариштата, изработени се и доставени Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиштата/фармите за заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло и останати сет мерки кои можат да ја загрозат состојбата на животните, посочуваат од ДЗС.

За досегашните состојби, потенцираат од ДЗС, АХВ ја информирала Владата, остварени се средби со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, испрате е допис до ЦУК со предлог барање за прогласување кризна состојба во одредени региони, но се уште нема повратен одговор кога ќе биде свикан Управувачкиот комитет за да утврди дали ќе се прифати предлогот за прогласување на кризна состојба. Засега не е обезбедена механизација за нештетно отстранување на заболените и угинатите животни, но во тек се мерки и активности за да се обезбеди и да почне процесот на отстранување на животните во регионите каде и лабораториски е потврдена БЧК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

ДЗС моментално располага само со еден функционален „Ер трактор“

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда