ДЗР: Во СЈО незаконски си поделиле бонуси од 4.6 милиони евра

Од:

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за периодот јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност и за посебна заштита на приватност исплатени се средства во вкупен износ од 282.896 илјади денари за кои ревизијата не обезбеди соодветен законски критериум.

На барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, ДЗР изврши ревизија на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати и други надоместоци во ЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“. Извршената ревизија се однесува на периодот 2015-2019 година .

Во ревизорскиот извештај се нотира дека додатоците на плата за 2015 година коишто се предвидени за јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатените средства за основната плата по лице.

Ваквата констатација, како што посочуваат од ДЗР, е резултат на извршените детални тестирања на доставената документација, како и анализата на податоците од деловните книги. Во предвид се земени и интерните акти донесени од страна на јавниот обвинител, односно Правилникот во кој се утврдени додатоците во апсолутни износи.

Правото на додаток на плата на јавниот обвинител и јавните обвинители во СЈО е уредено со член 14 од Законот за СЈО, согласно кој утврдени се додатоци на плата и тоа: додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.

Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители од декември 2015 година, уредено е дека вкупниот износ на висината на додатоците не може да изнесува повеќе од 35 проценти од основната плата на јавниот обвинител, додека за висината и начинот на утврдување на додатоците, потребно е јавниот обвинител да донесе посебен акт.

Ревизорските наоди кои се однесуваат на остварувањето на правото на други надоместоци произлегуваат од прибавени информации кои имаат степен на класификација поради што ДЗР согласно член 29 од Законот за државната ревизија изготви посебен извештај, согласно Законот за класифицирани информации, а висината на исплатените средства по овој основ изнесуваат 282.896 илјади денари.

–Врз основа на извршената ревизија, утврдивме дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти. Со релевантната законска регулатива и интерните акти, стои во заклучокот на ДЗЕ за извршената ревизија.

Ревизорите исто така утврдиле дека освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти.

Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, се наведива во соопштението од ДЗР.

Би можело да ве интересира

Ахмети на распит во Oбвинителството за организиран криминал и корупција

Ана Ололовска

Поранешни вработени во СЈО бараат извинување од Пендаровски за говорот по повод Илинден

А1он

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Ана Ололовска

Ристоска на последниот работен ден на СЈО: Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови

Ана Ололовска