ДЗР со забелешки за капиталните расходи во образовната инфраструктура

Од:

Слабости при дефинирање на програмите за инвестиции во образовната инфраструктура и отсуство на процедура со јасни критериуми за избор на објекти, како и низок степен на реализација на програмските активности во 2019 година од 36 проценти, што влијае врз постигнувањето на основните цели – подобрување на условите на образовниот процес, утврдил Државниот завод за ревизија во конечниот извештај за извршената ревизија на дел од елементите на финансискиот извештај (биланс на приходи и расходи) и ревизија на усогласеност на Министерството за образование и наука за 2019 година.

Предмет на ревизијата биле капиталните расходи – потпрограмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, ученички и студентски домови и ревизија на усогласеност за 2019 година.

– Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на дел од елементите на финанскиот извештај Биланс на приходи и расходи за 2019 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики, соопшти ДЗР кој конечниот ревизорски извештај го објави денеска на својата веб-страница.

Како клучна системска слабост е наведено отсуство на законски одредби за основното и средното образование кои го регулираат начинот на утврдување на потребата од изградба/доградба на нови училишни објекти.

Извештајот содржи клучни препораки – допрецизирање на програмите и воспоставување процедура со јасни критериуми за објективен избор на објекти и обезбедување услови за навремено завршување на инвестициките работи и мерки за целосно искористување на одобрените буџетски средства за образовната инфраструктура.

ДЗР соопшти дека биле разгледани забелешките од МОН на нацрт-извештајот, но не се прифатени поради недоставени докази кои би имале влиајние на констатираната состојба

Целта на ревизијата е да се добие разумно уверување дали елементите на финансскиот извештај, кои се однесуваат на капиталните расходи за Потпрограмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, ученички и студентски домови, се ослободени од материјално погрешни прикажувања, а рефлектираните активности и трансакции се во согласност со законската регулатива.

Би можело да ве интересира

Ревизорите откриле многу слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурување

Горан Наумовски

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

ДЗР: Милиони денари се трошат за дигитализација, изводите се издаваат напишани на машина за пишување