ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај на Агенцијата за вработување

Од:

Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се наведува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Агенцијата за вработување, чија цел е да се утврди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во него се во согласност со законскаат регулатива.

Во извештајот, во клучните утврдени состојби се посочени неусогласени податоци од евиденциите за постојани средства, залиха, паричен надоместок и активни мерки со сметководствената евиденција, преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за јавни набавки, неусогласен клолективен договор на ниво со важечката регулатива и нецелосност и точност на остварениот приход.

– Клучни препораки: усголасување на евиденциите, спроведување на постапки за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, усогласување на колективниот договор со законската регулатива при пресметка на плати и соработка со другите институции со цел целосно и точно остварување на приходите од придонеси за вработување, стои во извештајот.

За извештајот се добиени забелешки од кои две се делумно прифатени, две се прифатени со дополнително доставени докази и две не се прифатени бидејќи, како што наведоа од ДЗР, претставуваат информации кои ги имале предвид при вршење на ревизијата.

– Клучни системски слабости: Измена на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за доуредување на одредби за подготовката на надлежна институција и период на донесување на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување, се истакнува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Кривична пријава за раководителка во АВРМ, потрошила службени 10.000 евра за лични потреби

Катерина Ѓуровски

Оперативниот план за вработување со најголем буџет досега, се очекува успешна реализација

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Четири лица од Агенцијата за вработување примале плата, а не доаѓале на работа

Ана Ололовска

Агенцијата за вработување од понеделник со ново работно време

Ана Ололовска

ВИДЕО: Чорапи, кашкавал, лосос- поранешната директорка трошела на сметка на скопскиот Центар за вработување

Ана Ололовска