ДЗР: Од почетокот на пандемијата 17.000 луѓе останале без работа

Од:

Ревизорите утврдиле дека институциите во РСМ не располагаат со целосни податоци по основ на вратена финансиска поддршка по корисници во утврдените рокови и износ во Буџетот на РСМ. Според анализата на ревизијата работодавачите и физичките лица корисници на мерките за субвенционирање на придонеси и исплата на плати вратиле само 29% од пресметаната обврска за враќање, што има за ефект помалку вратени средства во Буџетот на РСМ во износ од 988.307 илјади денари.

Дополнително, поради тоа што не е предвиден начин на контрола и враќање на доделените средства за еднократна финансиска поддршка на физички и правни лица од одделни дејности постои ризик правните субјекти кои не ги исполниле условите да не ги вратат средствата во Буџетот на РСМ во износ од 448.698 илјади денари. Наведените состојби предизвикуваат намалени буџетски приходи во вкупен износ од 1.437.005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра.

Државниот завод за ревизија изврши ревизијата на успешност на тема “Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 “ согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2021 година.

Со оваа ревизија на успешност опфатени се 36% од вкупно планираните средства за 2020 и 2021 година преку Владината програма П – Мерки за справување со Ковид-19 кризата, што претставува 12.637.534 илјади денари (околу 205 милиони евра) од кои се реализирани 11.512.447 илјади денари.

Кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот Ковид-19 предизвика губење на работните места во РСМ и големи загуби на приходите на работниците што има влијание на намалување на потрошувачката на стоки и услуги. Според податоците обезбедени од Агенција за вработување на РСМ од почетокот на пандемијата до 31.12.2020 година своите работни места ги изгубија вкупно 17.022 работници.

Би можело да ве интересира

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

Ревизорите нашле низа неправилности и неусогласености во Министерството за животна средина

Државниот завод за ревизија во 2024 година планира да спроведе 73 ревизии

Ацевски: ДЗР за 2022 до Јавното обвинителство достави 22 извештаи за 20 институции, досега повратна информација има за пет

Општина Дебар не наплаќа надоместок за јавна чистота, утврдија ревизорите

ДЗР објави извештаи од ревизија на сметките на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива за 2021 година