Ѕид се гради на брегот на Охридското Езеро, градоначалникот се правда дека побарале рушење уште пред два месеца

Од:

Додека УНЕСКО чека уривање на постојните, во Охрид и натаму никнуваат дивоградби. Овој пат на самиот брег на Охридското Езеро се гради т.н. парапетче, односно бетонски ѕид. Градбата е во близина на автокампот „Градиште“, а во чија непосредна близина има и угостителски објект. За нелегалната изградба на ѕидот, реагираа охриѓани, но и еколошките здруженија, според кои, активностите треба веднаш да бидат стопирани, а сторителите казнети. По ова, се огласи и охридскиот градоначалник Константин Георгиески, кој рече дека уште пред два месеца е издадено решение за уривање на нелегалната градба, која сè уште се гради. Изградба на бетонскиот ѕид е во период кога Охрид се бори да го зачува статусот на УНЕСКО-подрајче, а кој е доведен во прашање поради нелегалните градби, кои се над илјада во градот.

Од здружението „Охрид СОС“ велат дека не знаат дали, кој и зошто дал одобрение, но повикуваат инспекциските служби во Охрид веднаш да излезат на терен и да ги санкционираат прекршителите на законот.

„Практично, се гради ѕид во езерото. Секој ден, со секој еден ваков нов пример, само се потврдува лицемерноста на локалната и централната власт, отсуството на вистинска волја за справување со ваквите девијации. Додека козметички дотеруваа во извештајот до УНЕСКО, на терен имаме сосема спротивна практика. Од Радожда до Свети Наум. Благодарение на наши сограѓани секој ден излегуваат на виделина вашите подвизи и вистинското ваше лице. Ве интересираат само профит и узурпација и кој повеќе ќе ви тутне во џебот. Наместо справување со дивоградбите, аминувате да се градат нови“, реагираат од „Охрид СОС“.

ПАРАПЕТЧЕ 2020Вонредната состојба се користи на различни начини, еве, некој решил да започне со изградба на…

Posted by Охрид SOS on Недела, 17 мај 2020

„А1он“ побара одговор од Општина Охрид дали, по бурните реакции, ќе испратат инспекција за да утврди зошто бетонскиот ѕид и натаму се гради иако, како што соопшти охридскиот градоначалник, Константин Георгиевски, уште пред два месеца е издадено решение за уривање на дивоградбата.

„Инспекциските служби на Општина Охрид на 24.3.2020 година извршија увид и составија записник. Во согласност со законските процедури донесено е решение за отстранување, со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, Општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот. Ве уверувам дека никој од локалната самоуправа, а ниту јас лично, не издал или имал намера да издаде одобрение за изградба на објекти што директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство“, напиша Георгиески на социјалните мрежи.

Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на…

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Недела, 17 мај 2020

Досега од Општина Охрид нема одговор ниту за тоа кој го гради бетонскиот ѕид на брегот од езерото и поради која причина. Претходно, Охрид не знаеше ниту кој градеше летна тераса во заштитениот дел од градот кај Чинарот за по серијата текстови на „А1он“ да утврдат дека станува збор за нивниот советник Нефи Усеини од „ДУИ“. Но, терасата и бетонската база, кои се сопственост на Усеини, и по една година останаа недопрени од надлежните институции.

Државната комисија за спречување корупција ќе побара од Владата да ги преземе сите активности за им ги одземе ингеренциите на Општина Охрид и Општина Струга и таа да ги урива дивоградбите, соопшти претседателката Билјана Ивановска минатата недела. 

Би можело да ве интересира

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов