Ѕид на сообраќајниот срам: Возило паркирано среде ГТЦ

Од:

По се изгледа во ГТЦ некои може да се паркираат каде што сакаат.

На отворената група на социјалната мрежа Фејсбук „Ѕид на сообраќајниот срам”, објавена е фотографија на возило марка БМВ кое што е паркирано внатре во ГТЦ, во близина на кафулињата покрај кејот.

voziloGTC

Луѓе кои што ја направиле оваа фотографија, но и други кои биле присутни во моментот кога возачот слегол од возилото но и кога го напуштил местото тврдат дека истото е управувано од Елвис Бајрам, градоначалникот на општина Шуто Оризари, инаку син на пратеникот Амди Бајрам и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

На ФБ се коментира дека на ваквите несовесни лица треба да им се одземе возачката дозвола.

Кој дозволи паркирање среде Градски трговски центар? Дали Законот важи подеднакво за сите? Од општината Шуто Оризари нема коментар.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски