Џиновски колач што го симболизира Исус за коледарите од Бадниковите поворки

Од:

Околу 3000 коледарчи се очекуваат утре низ улиците на Скопје, а на ниво на Македонија повеќе од 10 000 деца ќе чекорат во Бадниковите поворки.

За Бадниковите поворки во Скопје, денот ќе започне во раните утрински часови со поставување на најголемото бадниково колаче во дворот на Соборниот храм, како подвиг на двајца пекари Горан Петковски и Зорица Трајковска, кои ја прифатија поканата на Здружението Бадникови поворки, да дадат свој придонес кон празнувањето и да го овековечат рецептот за подготовка на традиционално бадниково колаче какво што се правело отсекогаш. Колачето кое го симболизира бебето Исус, е високо 3 метри, а тешко над 100 кг. Поднесена е апликација до Гинис од каде се очекуваат инструкции за следната година Македонија да има Бадник за Гинис во сите сегменти од традиционалното православно празнување. Инаку, за сите посетители кои ќе дојдат да го видат најголемото бадниково колаче, тимот пекари има подготвено околу 5000 бадникови колачиња кои ќе бидат поделени меѓу народот.

Деца од Бадниковата поворка во Охрид, ќе го посетат Претседателот Стево Пендаровски кој заедно со своето семејство, празниците ги поминува токму во Охрид.

Освен во Скопје и Охрид, со многу пригодни активности се ангажирани и Бадниковите поворки во останатите 38 градови и населени места.

Централната манифестација во Скопје,стартува во 10 часот и 30 минути пред црквата Св.Димитрија каде што семејствата со деца, најпрво ќе дојдат да подигнат бесплатни ѕвездички за децата, а потоа и да учествуваат во формирањето на најголемата Бадникова поворка предводена од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан од Некст тајм, Давид Темелков и Златните славејчиња.

Во 11 часот и 15 минути, поворката предводена од македонските музички ѕвезди, ќе се упати кон Соборниот храм каде што ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки. По тој повод,ќе бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божикниот концерт што го подготвуваат нашите музички ѕвезди, ќе биде промовирана и најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”.

Би можело да ве интересира

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Павлова-Николовска

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска

Се е подготвено за 30. традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје

Ана Ололовска

Симболично сечење на бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик

Ана Ололовска

В недела на Водно традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022

Ана Ололовска

Полицијата растури собир во црква, свештеникот и 15 учесници спроведени во полициска станица

Ландов