Џамбаски: Време е моштите на Бугаринот Гоце Делчев да се вратат во Софија

Од:

Европратеникот Ангел Џамбаски кој вербално му се закануваш на претседателот Стево Пендаровски откако шефот на државата побара тој да биде прогласен за непожелен во Македонија, овојпат ги коментираше најавените блокади на патиштата за 4 февруари кога се очекува бугарски граѓани да дојдат и да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев во Скопје.

„Провоцирање, јазик на омраза, следење, напади, обид за убиство на Бугари, поради нивното национално самоопределување, тоа премина во државно организирана блокада на патиштата и граничните премини за да не се дозволи на Бугарите да се поклонат пред гробот на Бугаринот Гоце Делчев.

Време е да побараме од властите во Софија ова прашање да биде решено еднаш засекогаш. Ковчегот со моштите на Гоце Делчев треба да биде вратен во Софија.

Започнувам иницијатива со барање кон бугарските власти за враќање на посмртните останки на Георги Николов Делчев, бугарски учител, офицер и револуционер во Софија“, објави Ангел Џамбаски.

Овој пост е реакција на иницијативата на социјалните мрежи која се шири со голема брзина, а ги повикува сите граѓани на 4 февруари да ги блокираат патарините кон Скопје, граничните премини Деве Баир и Делчево.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски

153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Георгиев: Годинава нема да има заедничко чествување на Гоце Делчев

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“