Џафероски: Во ДЗС наследив долг од 70 милиони денари и невоспоставен систем за заштита

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од своето формирање до минатата година, не успеала целосно да го воспостави системот за заштита и спасување, истакна денеска директорот на ДЗС, Аднан Џафероски, на средбата со новинарите на која информираше за состојбата во Дирекцијата, во која, акко што кажа, наследил долг од 70 милиони денари.

Невоспоставениот систем за заштита, според него, се должи на несоодветно водената кадровска политика, посебно во делот на менаџментот. Во однос на долгот на ДЗС, Џафероски рече дека најголемиот дел се однесува на неисплатени услуги за механизација која е користена во елементарни непогоди.

Тој информираше дека со неговото доаѓање на чело на Дирекцијата ги реактивирал 64-те тимови за брз одговор кои во моментов се на тренажа, а претходно постоеле, но само на хартија. За нив, појасни директорот, не била вршена соодветна пополна и опремување, ниту пак биле имплементирани и спроведувани стандардните оперативни процедури.

Во однос на капителните инвестиции во ДЗС, Џафероски рече дека во изминативе девет години инвестирани се нула денари, освен трите авиони за гасење пожар кои се набавени во 2009 година. Опремата што ја има Дирекцијата е од донации, но и таа била несоодветно чувана и употребувана.

По неговото доаѓање на чело на Дирекцијата, Џафероски за првпат навреме и законски извршил сервисирање на авионите што се подготвени за гасење на пожари за следната сезона. Тој рече дека набавиле и дрон што ќе превенира во пожарите, односно ќе се интервенира веднаш онаму каде има мал пожар да не се прошири. Оваа инвестиција, според него, е многу исплатлива отколку да се прават превентивни летови со авионите, што трошат по две до три илјади евра од лет.

Џафероски информираше дека е формиран Главен штаб за заштита и спасување, што досега постоел само формално, а, како што рече, по одлука на Владата ќе се одржи и конститутивна седница.

Директорот најави посебна прес-конференција на која ќе информира за состојбата со материјално-техничките средства кои ги користи ДЗС во справувањето со елементарните непогоди, меѓу кои се и средствата од меѓународни донатори.

Би можело да ве интересира

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

Зголемени трошоците на живот во ноември

А1он

Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал

А1он

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта

А1он

ДЗС: Во некои од урбаните средини, интензитетот на попишување се зголемува

А1он

ДЗС: Попишувачите имаат специјални овластувања и брендирани маици со логото Попис 2021

А1он