Џафери закажа седница за разрешување на Катица Јанева

Од:

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери за утре ја закажа седницата за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Мандатот како специјална обвинителка на Јанева и завршува на 15 септември. Таа моментално е осомничена во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Јанева од притвор минатата потпиша решение предметите кои ги води СЈО да бидат префрлени во Јавното обвинителство на Македонија. Од утринава започна процесот за преземање на предметите од едно во друго обвинителство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески истакна дека нема пречка „бомбите“ и понатаму да бидат доказ во истрагите на СЈО.

Тој исто така појасни дека предметите по преземањето ќе бидат распоредени по обвинителства и по обвинители, а дотогаш предметите кои се во фаза на судење остануваат кај обвинителите од СЈО.

„Приоритет ќе имаат предметите што се во фаза на судење”, рече Јовески.

Во поглед на обвинителите во СЈО, како што вели јавниот обвините, Советот на јавни обвинители ќе ги врати во обвинителствата од каде што дошле.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски