Џафери во официјална посета на Словенија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од вчера присуствува во официјална посета на Република Словенија.

Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието се и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.

Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.

Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи. Посетата како што најавија од кабинетот на претседателот ќе заврши утре.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис

Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес