Џафери во официјална посета на Словенија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од денеска до вторник ќе биде во официјална посета на Република Словенија.

Во состав на Делегацијата предводена од Џафери, ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка Фросина Ташевска – Ременски, претседателот на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија Нада Ципушева и Шпреса Хадри, член на Групата за соработка.

Во рамки на официјалната посета Џафери ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.

Џафери ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“