Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Од:

Техничкиот премиер Талат Џафери упати честитка за празникот Курбан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед.

Во честитката Џафери им упатува на сите верници од муслиманска вероисповед, над сѐ добро здравје, широкоградост, солидарност и правење добри дела кои, како што вели, ќе им ја облагородат душата и ќе му дадат вредност, мотив и квалитет на вашиот живот.

– Во исто време, посакувам аџиите кои актуелно се молат и ја оддаваат потребната почит на светиот пат на аџилакот, да упатат молитви и за сите граѓани и за Република Северна Македонија, нашата заедничка држава, за успешна година, во мир, во благосостојба и виден напредок во секое поле од општествениот и меѓународниот живот. Покрај молитвите, сите заедно да го направиме тоа што можеме за да осигуриме мир, благосостојба, и сигурен живот за оние што во ова време се засегнати од војни, болести и природни несреќи, затоа што животот е свет и сите треба да му се радуваат подеднакво, стои во честитката од Џафери, соопштија од владината прес-служба.

Курбан Бајрам, се додава, нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди.

– Нека е честит и за многу години празникот Курбан Бајрам!“, напиша премиерот Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

Би можело да ве интересира

Уставен суд го одби барањето на Апасиев против Џафери

Катерина Ѓуровски

Левица: По иницијатива на Левица Антикорупциска го казни Таљат Џафери

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери