Џафери: Светата столица ќе продолжи да не поддржува во евроинтегративните процеси

Од:

Државно-црковната делегација, која во Рим учествува на манифестацијата во чест на свети Кирил, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Државната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а црковната архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

– Мирот, толеранцијата и соработката меѓу државите и народите се најдобриот пат за иднината. За соработките во регионот разговаравме и со државниот секретар на Ватикан кој потврди дека Светата столица секогаш не’ поддржувала и ќе продолжи да не поддржува во евроинтегративните процеси на нашата држава. На овој начин се создаваат услови и ние да придонесеме во евроинтегративните процеси и соживотот на народите во светот, изјави Џафери по аудиенцијата кај папата Франциск.

Пред членовите на македонската државна и црковна делегација, папата Франциск јавно се заблагодари за неодамнешниот прием и гостопримство што го почувствувал во Скопје.

– Ме трогна наклонетоста, љубезноста на народот и посебно младите луѓе кои иако доаѓаат од различни религии веруваат во заедништво. Сакам да нагласам дека вашиот народ е порта за влез на христијанството во Европа. Бидете посланици на мирот, порача папата Франциск на аудиенцијата за македонската делегација во Ватикан.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој е дел од државната делегација, рече дека за само еден месец имале втора директна средба со папата Франциск, што според него, симболично ја покажува посветеноста на Ватикан за нашите процеси.

– Ја искористивме можноста да се заблагодариме за тоа што папата Франциск го направи за нашата држава. Со неговата посета даде визибилност на нашата мала држава и поддршка на процесите што кај нас се случуваат. Подготвени се да ги помагаат нашите евроинтеграции и јас тоа посебно го почитувам, рече Анѓушев по приемот во Светата столица.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна