Џафери: Собранието нема да се состане, претседателот ќе прогласи вонредна состојба

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА вели дека го очекува предлогот на претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски што ќе го проследи до претседателот на државата кој има надлежности за прогласување вонредна состојба во државата.

Џафери го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно.

Изборите според претседателот на Собранието ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот

Врз основа на Членот 125 од Уставот став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски