Џафери: Собранието нема да биде заложник на партиски интереси

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека партиите во парламентот се усогласиле и предложиле закон за измени на изборниот законик за деблокирање на процесот за избор на ДИК, без која не може да функционира ниту една институција.

„Партиите ветија дека нема да блокираат и затоа консензуално се согласија на двотретинско. Од непознати причини партиите тактизираа. Собранието не може да биде заробеник на волјата на некои партии. Нема пречка да се излезе со овој предлог закон без оглед како ќе се толкува. Собранието нема пречка да се изјасни за предлогот на владата. Тоа не е пречка партиите да продолжат со дебата за консензуално решение Предлогот може да се повлече, но да биде јасно дека Собранието нема да биде заложник на партиски интереси“, рече Џафери.

На пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој од место дофрлаше дека Џафери држи лекции за блокирање на Собранието, спикерот му одговори: „Јас блокирав на комисија порано, но не сум ја попречил државата“.

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање