Џафери со државна Делегација во Светата Столица во Рим

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната Делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во Чест на Св. Кирил“, во Светата Столица во Рим.

Претседателот Џафери ќе биде придружуван од координаторите Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, пратеничката Ирена Стефоска, претседател на Комисијата за култура во Собранието на Република Северна Македонија, пратеникот Крсто Мукоски, Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Владимир Лазовски, заменик министер за култура, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници.

Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Светиот Отец на Римокатоличката Црква во Ватикан, по што претседателот Џафери ќе оствари средба со Папата Франциск и со државниот секретар на Светата Столица кардиналот Пјетро Паролин.

Претходно, ќе се одржи молебен во Базиликата Сан Клементе во Рим, каде што делегацијата на Република Северна Македонија ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.

Дел од годинешното чествување на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј во Рим, делегацијата на Република Северна Македонија ќе го реализира заедно со Делегацијата на Народна Република Бугарија.

Делегацијата, предводена од претседателот Џафери ќе присуствува и на молебенот на Народна Република Бугарија во Базиликата Сан Клементе, а потоа двете делегации ќе присуствуваат на положувањето на цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре.

Во вечерните часови, делегациите на Република Северна Македонија и на Народна Република Бугарија ќе организираат заедничка културна програма, на која свој настап ќе имаат уметниците од Република Северна Македонија, Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски