Џафери се сретна со унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс

Од:

Унгарија е силен поддржувач на Република Македонија на патот кон евро-атланските интеграции, нагласи амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, на протоколарната средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Амбасадорот Дукс исто така се заблагодари за несебичната соработка на Република Македонија во однос на затворањето на Балканската мигрантска рута, каде што Унгарија дава свој придонес во контролирањето на границата со нашиот јужен сосед.

Џафери истакна дека односите помеѓу Република Македонија и Унгарија како на билатерален така и на мултилатерален план се одлични, што претставува цврста основа за зајакнување на економската соработка. Добрите односи, отсуството на отворени прашања и подобрувањето на правната рамка придонесуваат во зголемувањето на унгарските инвестиции во Република Македонија.

На крајот од средбата, претседателот Џафери уште еднаш ја реафирмираше отворената покана до својот унгарски колега, г. Ласло Ковер за официјална посета на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска