Саливан на средбата со Џафери ја пренесе поддршката од САД за Преспанскиот договор

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со Џон Ј. Саливан, заменик државен секретар на САД.

На средбата претседателот Џафери изрази благодарност до САД како стратешки партнер на нашата земја, за континуираната поддршка што ја дава не само на Република Македонија туку и на целиот регион. Тој го запозна високиот гостин со тековните активности во законодавниот дом во однос на усвојувањето на уставните предлог-амандмани, како фаза од имплементирањето на преспанскиот договор, со очекување дека процесот ќе се заокружи до крајот на првата половина на месец јануари 2019 година. Понатаму, Џафери зборуваше за чекорите што ги презеде Владата на Република Македонија за подобрување на добрососедските односи, потврдувајќи дека Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Бугарија веќе дава позитивни резултати.

Џафери истакна дека Собранието е активно вклучено во донесувањето на реформскиот пакет-закони во областа на судството, безбедноста и јавната администрација, за кои веќе има хармонизирани ставови меѓу мнозинството и опозицијата и за кои се очекува по расправата во Собранието на Република Македонија, во текот на месец февруари идната година да влезат во сила.

Заменик државниот секретар Саливан истакна дека му е мило што е во посета на Република Македонија во овој историски момент за земјата, кога е во завршна фаза имплементирањето на преспанскиот договор и нагласи дека целта на неговата посета токму во овој историски момент за земјата е да ја пренесе поддршката на САД за овој договор и да потврди колкаво е значењето на напорите што Република Македонија ги прави денес на овој план.

На прашањето на Саливан во однос на разгледувањето на можностите за зголемување на поддршката за уставните измени, претседателот на Собранието рече дека во рамките на законодавниот дом на Република Македонија се водат разговори за зголемување на поддршката од поголем број пратеници за уставните измени. Тој изрази надеж дека што поголем број пратеници, без разлика на нивната партиска припадност, ќе го подржат договорот, имајќи го предвид историскиот момент пред кој се наоѓа државата и позитивните ефекти од членството во НАТО на политички, безбедносен, но и економски план.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата