Џафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се сретна со коизвестителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, Лисе Кристоферсен, пратеник од Норвешка и Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија, кои во рамките на пост-мониторинг дијалогот се во дводневна посета на Република Македонија.

Како што соопшти денеска собраниската прес-служба, разговорот на известителите со претседателот Џафери бил фокусиран на настаните по предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, надминувањето на политичката криза, актуелната политичка состојба и на решавањето на идните предизвици.

Известителите му посакале успех во работата на Џафери и изразиле очекување дека наскоро ќе биде формирана и Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе го рефлектира распоредот на силите во Собранието и со која ќе имаат блиска соработка.

– Постмониторинг дијалогот, во кој во моментот се наоѓа Република Македонија, има за цел да го поддржи напредокот кон демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, како и целосното исполнување на обврските во однос на сите конвенции на Советот на Европа, кон кои државата пристапила. Дијалогот се заснова на оцените за ситуацијата и напредокот кои Комисијата ги прави во соработка со националните власти, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска