Џафери се сретна со делегација од Бундестагот, гостите воодушевени од квалитетот на македонските кандидати за парламентарна стипендија

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со членовите на Комисијата од Бундестагот на Германија за избор на стипендисти од Македонија за ИПС програмата.

На средбата присуствувале германскиот пратеник, Штефан Албани и членовите на комисијата Андеас Трампе од администрацијата на Бундестагот, како и Елмар Кулке, Декан на Хумболт Универзитетот во Берлин.

Како што информираат од прес-службата на Собранието, во своето излагање Џафери изразил големо задоволство за реализацијата на парламентарната стипендија ИПС на Бундестагот, со што директно се придонесува младите луѓе да станат мост меѓу парламентите, а воедно и учесници во реформите неопходни за евроинтеграциските процеси.

Албан го искажал своето воодушевување од квалитетот на кандидатите кои се пријавуваат од Република Македонија за парламентарната стипендија во Бундестагот и нивната желба да се вратат и своите искуства и знаења да ги пренесат во својата земја.

Во однос на евроинтеграциските процеси, како член на Работната Група за Западен Балкан и Парламентарната група за пријателство за односите со Југоисточна Европа, каде спаѓа и Република Македонија, ја искажал нивната целосна поддршка на сите преземени чекори во изминатиот период во насока на унапредување на евроатлантските аспирации на земјата, особено на Договорот потпишан со Грција.

Присутните се согласиле дека соработката треба да се интензвира на сите нивоа, особено на ниво на парламентарните комисии, но и на ниво на поддршка и помош за парламентарната администрација, преку конкретна размена на мислења и искуства за поглавјата по отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

АфД е обвинета за собирање податоци за Русите

Германец со години ја дрогираше и силуваше сопругата – доби осум ипол години затвор

А1он