Џафери се сретна со албанскиот претседател Мета

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој претходно присуствуваше на свечената инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на почетокот на средбата, Џафери му се заблагодарил на претседателот Мета, за присуството на оваа свечена седница, и, како што рекол, на овој голем ден за нашата земја, на кој се означува успехот на новоизбраниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски по изборниот процес завршен на 5 мај 2019 година, на кој тој е избран како петти претседател на земјата.

Претседателот Мета, се заблагодарил на поканата и изразил задоволство за успешно спроведените претседателски избори во Република Северна Македонија, а на новиот претседател на државата му посака успех во исполнувањето на неговата значајна должност.

Двајцата соговорници биле едногласни во однос на продолжувањето на одличните односи на сите нивоа и во иднина, и дека очекува заедно со Република Северна Македонија да добијат и конкретен датум за почеток за преговорите за членство во ЕУ во јуни оваа година.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали