(ВИДЕО) Џафери: Се наоѓаме пред историска одговорност, интеграцијата во НАТО и ЕУ

Од:

Сите пораки кои доаѓаат од НАТО покажуваат дека е потребна нова политика. Се наоѓаме пред историска одговорност за остварувањето на нашата определба, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред Комисијата за европски прашања.

„Евроатланските интеграции се определба на Македонија кои имаат целосен консензус од сите партии и поддршка од граѓаните која е на високо ниво, а тоа нас нè прави уште поодговорни. Нас кои ја водиме државата. Сите пораки кои доаѓаат од НАТО, покажуваат дека треба нова политика. Се наоѓаме пред историска одговорност, за остварувањето на нашата определба, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ“, рече Џафери.

Тој рече дека Македонија поминала две години во криза поради, како што рече, непрактикувањето на практиките на ЕУ.

„Во планот 3-6-9 кој произлегува од Договорот од Пржино има конкретен дел и мерки за работата на Собранието, на УБК, на собраниските комисии. Она што е значајно е дека реформите во безбедносните сили, треба да се одвива преку Собранието со вклучување на експертската јавност и целата фела“, рече Џафери.

Во обраќањето истакна дека „верува во искрената определба на Владата овие реформи да бидат направени во корист на граѓаните“.

„Во парламентарната демократија свој удел има опозицијата, а јас ќе направам сè за таа да може да ги каже нивните идеи иако ова што го гледаме последниве денови е контра функционирањето на Собранието“, истакна Џафери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска