Џафери: Се надевам дека денеска ќе заврши дебатата за разрешување на министрите

Од:

Расправата за реконструкција на Владата се води според Деловникот на Собранието и ќе постапиме согласно определената постапка и процедура, изјави собранискиот претседател Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

– Се надевам дека денеска ќе заврши дебатата за разрешување на третиот министер и потоа да се изгласа престанок на мандат на министрите предложени за разрешување и да отпочне втората точка – Именување нови членови на Владата. Секако, Собранието има Деловник и Деловникот овозможува определена постапка и процедура и водени од тоа така и ќе постапиме, рече Џафери во однос на расправата за владината реконструкција, која веќе втора недела се одвива во законодавниот дом.

На новинарско прашање дали ќе има смена на потпретседателот на Собранието, Хусни Исмаили, кој е кадар на Алтернатива, откако неговата партија премина во опозиција, Џафери потенцира дека за ова прашање постојат два начини – интерпелација или самиот да поднесе оставка.

– Ако гледаме формално, таа позиција потпретседател е на мнозинството, затоа што потпретседателско место од страна на опозицијата според Деловник и припаѓа на најголемата опозициска партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, но тие не делегираа кандидат. Значи, формално таа позиција е на мнозинството. Има два начини: или интерпелација, оти нема друг начин за разрешување или самиот да си даде оставка, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани