Џафери распиша претседателски избори за 21 април

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, согласно законските обврски, го потпиша решението за распишување на претседателските избори. Првиот круг од изборите треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега официјално немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кандидатите решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од владејачката СДСМ соопштија дека процесот за избор на кандидат е во тек, а официјалниот избор ќе се одржи на партискиот конгрес закажан за 3 март.

На огласот на ВМРО-ДПМНЕ како што соопштија од партијата пристигнале 10 кандидатури. Како фаворити за претседателски кандидат од партијата се посочуваат професорката Гордана Силјановска Давчева и пратеникот Влатко Ѓорчев. Официјалниот кандидат ќе биде соопштен на конвенција на 16 февруари.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение.

Од помалите политички партии како од македонскиот така и од албанскиот блок најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски