Џафери-Радев: Потребни сме си едни на други затоа што проблемите ни се заеднички

Од:

На инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, меѓу другите гости беше присутен и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со кого претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери оствари кратка протоколарна средба.

Претседателот Џафери му посака добредојде на гостинот и воедно се заблагодари за присуството на инаугурацијата, со што уште еднаш се покажа на дело дека односите меѓу двете соседни земји се позитивни, и секако треба да продолжат во таа насока. Тој исто така рече дека присуството на првите соседи на овој свечен чин за нашата земја е и одлична порака до меѓународната заедница, до Европската Унија и регионот дека во регионот сме детерминирани да го оставиме минатото зад нас. Претседателот на Собранието се заблагодари и за поддршката што Република Бугарија ја дава во насока на нашето пристапување во НАТО и ЕУ и изрази надеж дека во јуни ќе добиеме зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ, имајќи предвид дека сиот потенцијал е ангажиран во исполнување на европската агенда и потребните реформи.

Претседателот Радев, изрази задоволство што беше присутен на инаугурацијата и од можноста да се сретне повторно со претседателот Џафери а потоа и со новоизбраниот претседател Пендаровски. Потврди дека односите меѓу двете земји се одлични и искажа готовност тие да продолжат, да се интензивираат, дури и да станат секојдневна практика. Потребни сме си едни на други затоа што проблемите ни се заеднички, не се изолирани. Се разбира, покрај институционалната соработка, најбитно е инфраструктурното поврзување и затоа е потребно да се забрза железничкото поврзување меѓу двете земји, како единствени на Балканот што не се поврзани на тој начин и се разбира Коридорот 8. Претседателот Радев ги понуди сите расположливи ресурси за што е можна подобра соработка во сите полиња, безбедноста, военото образование, културата, образованието, а пред се во насока на пристапувањето, бидејќи отворањето на Поглавјата со ЕУ не е воопшто лесен процес.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата