Џафери поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието

Од:

Талат Џафери попладнево поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

-Ве известувам, дека согласно член 115 од Деловникот за работа на Собранието, поднесувам оставка на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија, се вели во собраниското соопштение.

Од Собраниетo информираат дека Џафери го овластил потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски да претседава со пленарната седница закажана за утре.

Претходно, и претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Република Северна Македонија, и притоа имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги