Џафери-Питинџер: Реафирмирана поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, во рамките учеството на Меѓународниот безбедносен форум во Рига, денеска имаше средба со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на Конгресната работна група за тероризам и неконвенционално војување и иницијатор на овој Форум, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата беа разменети видувања за прашања поврзани со безедноста во регионот, борбата против тероризмот и сајбер-криминалот, како и потребата од стратегија за сајбер-одбрана.

Џафери информираше дека Република Македонија, во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО, е во процес на изготвување на Стратегија за сајбер-одбрана, со која ќе се зајакнат капацитетите на државната безбедност. Тој ја истакна подготвеноста на Собранието на Република Македонија да биде домаќин на Парламентарниот безбедносен форум во наредните години, со што ќе им се овозможи на парламентарците, претставниците на владите и експертите да разменат поблиски искуства во доменот на овие безбедносни предизвици.

Соговорниците споделија заемни уверувања дека билатералната соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД и натаму ќе се одвива на пријателски и конструктивен начин. Во овој контекст беше реафирмирана поддршката на САД на Република Македонија на планот на интеграцијата во НАТО.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител