Џафери: Од ВМРО-ДПМНЕ нема официјална потврда дека нема да се појават на пратенички прашања

Од:

Премиерот е должен да дојде на пратенички прашања, Собранието има закажано седница, изјави денеска претседателот на парламентот Талат Џафери, на брифингот со новинарите.

Џафери го истакна својот став по вчерашната изјава на премиерот Заев дека нема да дојде на пратеничките прашања доколку не се појави опозицијата.

Претседателот на Собранието исто така посочи дека нема официјална потврда од ВМРО-ДПМНЕ дека тие нема да дојдат на седницата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сепак навестуваа дека нејзините пратеници нема да учествуваат на денешната седница.

Ваквата нивна одлука следува по продолжувањето на притворите на осомничените за насилството во Собранието на 27 април. Од опозициската партија сметаат дека оваа одлука на Кривичниот суд не е во насока на нивните желби за помирување и продолжување на дијалогот.

Сепак, спикерот очекува по празниците парламентот повторно да работи во полн состав.

„Од 9 јануари очекувам Собранието да биде присутно во полн состав“, изјави Џафери на денешниот брифинг.

Во однос на потпреседателите во Собранието, Џафери најави петмина, велејќи дека деловникот нема ограничувања по однос на ова прашање.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски