Џафери очекува на 17 јануари Македонија да има нова Влада

Од:

До 17 јануари ќе има нова Влада, смета претседателот на Собранието, Талат Џафери. Прашан што ако нема мнозинство, Џафери е дециден дека има 64 пратеници. Според него, доколку утре се даде мандатот за состав на Влада кај претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, тогаш на 16 јануари ќе треба да се гласа нов состав на Влада.

„Утре треба да е денот за доделување на мандатот, тоа е на претседателот на СДСМ. Од тој момент претседателот на државата треба да го извести претседателот на Собранието за да почнат роковите во Собранието да течат. Мандатарот во рок од 20 дена треба да излезе пред Собранието со предлог за состав на новата Влада. Се надевам дека мандатарот нема да оди до крајните рокови, согласно сите направени преговарања“, кажа Џафери.

За нов состав на Влада ќе може да се дискутира само два дена, односно седницата ќе треба да заврши на 16 јануари според Талат Џафери.

„Во моментот кога ќе се добие програма и состав на Владата, тогаш почнува рокот на Собранието во рок од 15 дена да свика седница за нова Влада. Седницата трае два дена. Очекувам на 10-11 јануари да добијам предлог состав на нова Влада. Најверојатно седницата ќе е 15-16 јануари. Вториот ден, на 16 јануари да се изгласа нова Влада пред полноќ и на 17 јануари да има нова Влада“, посочи Џафери.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ