Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери во негово и од име на пратениците упати честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври.
„Дозволете во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и од име на пратениците во законодавниот дом, да го честитам 23-ти Октомври, којшто според Законот за празниците на Република Македонија е Ден на македонската револуционерна борба и да ви посакам овој ден да го поминете во добро расположение, во кругот на најблиските.
Нека овој ден биде потсетник дека во животот секој ден е борба, борба за подобар живот, борба за градење на подобро, поздраво општество, борба за политички стабилна, економски напредна држава со светла иднина, безбеден дом за сите наши граѓани,
Нека е честит!“, се вели во честитката.