(ВИДЕО) Џафери: Не може некој да биде пратеник 4 години, а после да брка по контејнери

Од:

Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во дускусија со новинарите, а во врска со иницијативата за закон за пратенички привилегии.

Џафери за време на брифингот со претставниците на медиумите, не негираше дека постои иницијативата, но посочи дека не може да коментира додека не го види текстот на законот.

„Идеја како идеја може да постои, може да ја даде било кој пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, рече Џафери.

Тој додаде дека во голем број земји во светот, со законско решение бил уреден стстусот на пратениците по истекот на мандатот.

„И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон“, рече тој.

Џафери информираше и дека на седница на 9 јануари ќе се раправа по амандманите за уставни измени согласно со договорот од Преспа. Очекува да се изгласаат и процесот да заврши до 15 јануари.

Претседателот на Собранието не сакаше да коментира зошто претседателот Ѓорге Иванов не става потпис на законот за јазици. Рече дека тој треба да постапи согласно со своите ингеренции.

Во врска со претстојните претседателски избори, Џафери истакна дека нема да се кандидира и ќе остане претседател во Собранието. Што се однесува до идејата Собранието да бира шеф на државата, Џафери рече дека за тоа треба да се одлучни сите парламентарни групи, а доколку има консензус ќе треба да се изгласа измена на Уставот со која законски би се уредил неговиот избор.

Изминатата година, според него, поминала според зацртаната агенда, а Собранието си ја завршило работата за којашто е надлежно.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада