Џафери: Не можам да кажам кога ќе бидат донесени измените на Законот за попис

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги поздрави напорите што, како што рече, биле направени за одблокирање на работата на Собранието, но, требало во нив да биде вклучен и тој како претседател на Парламентот затоа што треба да ги спроведе сите процедури во институцијата. Во однос на Законот за попис и измените на Изборниот законик рече дека не знае кога бидат донесени, бидејќи, како што нагласи, мора да бидат запазени сите постапки. Информира дека од формален аспект предлозите ги вратил до предлагачите, од каде очекува во најбрз рок да ги вратат повторно во Собранието.

– Ги поздравувам напорите направени последните денови надвор или внатре во институцијата. Ги поздравувам одлуките што едногласно се изјаснија дека се за одблокирање на работата на Собранието. Најпосле го поздравувам и фактот што знаат дека е направена намерна или ненамерна гршка, иако јас ќе ја сметам за ненамерна, за фактот што во сите работи и математики требало да биде присутен претседателот на Собранието, кој што тие одлуки треба да ги спроведе институционално во Собранието низ процедурите, рече Џафери на прес-конференција, што ја одржува додека е во тек координација на пратеничките групи кои треба да се договорат за диманиката и начинот на работа.

Претседателот на Собранието појасни дека вонредната координација ја свикал како резултат на изјави дека партиите се усогласиле и оти по прес-конференцијата ќе ја утврдуваат динамиката на работата на Собранието и носењето на преостанатите закони.

– Свикав вонредна координација, на која присустував до сега и која ќе продолжи по оваа прес-конференција, за да можам да ги кажам своите ставови во однос на процедурите и можното спроведување на она што било договорено дел надвор, дел овде во институцијата, рече Џафери.

Тој истакна дека ги добил измените на Законот за попис, чиј предлагач е Владата и на измените на Изборниот законик, од група пратеници.

– Од формален аспект ги вратив до предлагачите. Се надевам дека во текот на денот ќе ги вратат со исправки и дополни со кои треба да бидат уредени предлозите и соодветно да се пуштат во соодветна парламентарна процедура, нагласи Џафери.

Носењето на законите зависи од предвидените процедури, доколку не се почитуваат, предупреди првиот парламентарец, законите можат да бидат оспорени пред Уставниот суд. Затоа не може да каже кога ќе биде закажана седницата за одложување на пописот.

Џафери објасни дека од моментот кога ќе го добие предогот, тој треба да биде прегледан дали ги исолнува формалните аспекти и доколку утврди дека има технички недостатоци го враќа до предлагачот со укажување дека тоа треба да се поправи.

Претседателот на Собранието рече дека не може да се свика седница додека материјалот не се подели на пратениците и додека не го знае исходот од таа седница.

– Законодавната постапка почнува кога материјалот ќе биде доставен до пратениците. Бидејќи е скратена постапка, Собранието се изјаснува дали прифаќа да се разгледа во скратена постапка. Тогаш се констатира дека предлог-законот оди во скратена постапка, потоа ги повикувам матичната комисија и Законодавно правната комисија да ме известат кога ќе закажат седници за да ги известам пратениците до кога можат да поднесат амандмани, рече Џафери, кој потенцира дека без извештај од комисиите не може да свика повторно седница за носење на законот.

Во Собранието досега се одржани 36. седици. Има закони кои се уште не се донесени, бидејќи некои пратеници беа болни од Ковид-19, а некои се на комисиска расправа.

На денешната координативна средба со Џафери присуствуваат потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ, Арбр Адеми, на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, Кастриот и Димитар Апасиев од Левица.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе измените на Изборниот законик

А1он

Во Собранието нова 52 седница и продолжение на 50-тата

А1он

(ВИДЕО) Митрески: Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот

Ана Ололовска

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се однесува нехумано, ја злоупотребува колективната тага за ситни политички поени

А1он

По напуштањето на собраниската сала од опозициските пратеници, Џафери ја прекина седницата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: На ДУИ и Талат Џафери помил им е Венко Филипче, отколку животите на граѓаните на Тетово

А1он