Џафери на конференција во Хрватска за современите безбедносни предизвици

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, учествуваше на Конференцијата на тема „Современите предизвици на Трансатлантскиот безбедносен простор”, што се одржа во Шипан, Република Хрватска, во организација на Атлантскиот сојуз на Хрватска и Фондацијата Ханс-Сајдел (Hanns-Seidel Stiftung) во соработка со Институтот за развој и Меѓународни односи (ИРМО).

На дводневната конференција, која се почна вчера, на хрватскиот остров Шипан, а која е намената за 30-тина млади лидери од земјите во регионот, Џафери одржа предавање во кое сподели дел од неговото професионално искуство, а се осврна и на актуелните случувања во Република Македонија и регионот.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во контекст на темата, Џафери истакна дека Западен Балкан, според стандардите и вредностите кои се повеќе преовладуваат, станува составен дел на евроатланските асоцијации. Тој, се додава, подвлече дека сите во регионот може да најдат заеднички прифатливи решенија за кој било проблем или отворено прашање, само преку дијалог и отворена соработка, особено кога станува збор за заеднички предизвици. Како пример за тоа, тој укажал, на бегалската криза, во која регионот Западен Балкан и секоја држава посебно, одиграа многу позитивна и одговорна улога.

Претседателот на Собранието, исто така, нагласил дека, актуелната македонска Влада и парламентарното мнозинство, оваа година направија значајни потези кои имаат историска димензија, како за граѓаните на Република Македонија, така и за регионот и неговата евроатланска перспектива. Тој при тоа ги наброил потпишување на Договорот за пријателство со Република Бугарија, како и постигнатиот договор со Република Грција, со кој се приближуваме до конечно решавање на едно од најтешките прашања за нашата земја.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата