Џафери-Мичел: Очекувања за позитивен исход на претстојниот референдум

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со помошник-државниот секретар на САД Вес Мичел, истакна дека со посетите на високите американски претставници, се докажува посветеноста на нашиот стратешки партнер за унапредување на интеграцискиот процес на Македонија во НАТО и ЕУ.

Како што соопшти кабинетот на Џафери, ова е уште една во низата посети на официјални лица од САД како потврда на јасната, силната и недвосмислена поддршка за Република Македонија.

– Во продолжение, Џафери рече дека приоритет на новото мнозинство е реализацијата на стратешката цел на Република Македонија, а тоа е полноправното членство во НАТО и затоа претходно фокусот беше насочен кон подобрување на односите со соседите. Првин се потпиша Договорот за пријателство со Република Бугарија, а потоа и Договорот со Република Грција, за да се надмине и последната пречка во реализацијата на целта, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.

Според соопштението, Мичел рекол дека јавноста во Република Македонија е веќе свесна за тоа колку силно САД го поддржуваат Договорот од Преспа и ја подвлекол важноста на позитивниот исход на претстојниот референдум, имајќи предвид дека тоа е во полза на државата.

Тој, како што се посочува, истакна дека САД и понатаму ќе пружи недвосмислена поддршка за напредокот на Република Македонија, уверувајќи дека фокусот на неговата земја за Регионот е константен и непроменет.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска