Џафери: Матичните комисии не создале услови за предлог – законите да се најдат на собраниска седница

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска одржа редовна средба со претставниците на медиумите. На брифингот со новинарите, тој информираше дека во изминативе две години, во Собранието се одржани вкупно 83 седници од кои 54 завршени и 54 незаврешни собраниски седници. Од вкупно 973 точи на дневен ред на пленарните седници, над 80 точкни не се разгледани. Како што информираше претседателот Џафери, матичните комисии не создале услови за предлог – законите да се најдат на собраниска седница.

Претседателот Џафери посочи дека според собранискиот Деловник пратениците имаат право и должност да присутвуваат на седниците на Собранито и да учествуваат во работата и во одлучувањето. Најави дека најверојатно од процесот „Жан Моне“ ќе произлезе нов собраниски Деловник во кој ќе биде допрецизирани правата и обврските во врска со присуството на седиците на народните избраници.

Претседателот информираше дека, по повод по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден ќе учествува на одбележувањето на државниот празник во Пелинце.
Во однос на работата на Собранието, претседателот Џафери информираше дека пратениците по 2 август заминуваат на колективен одмор и во тој период нема да има седници. Доколку има итни и неодложни прашања на дневен ред, не ја исклучува можноста за нивно повторно собирање.

Пратениците се очекува да се вратат на работа на крајот на месец август. Првата нова наредна седница, претседателот на Собранието планира да ја закаже на 13 септември. Дотогаш Собранието ќе работи по дневниот ред на веќе почнати седници, а ќе заседаваат и работните тела.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ