Џафери: Македонија гради европски вредности на соживот, мултикултурност и мултиетничност

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска за време на работната посета на Битола ги посетија НУ Завод и музеј и Музејот на албанската азбука. Премиерот ја посети и Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, како и Постојаната музејска поставка, во која се поместени преку 2.000 музејски предмети од различни временски периоди. Во нејзини рамки се изложени предмети кои припаѓаат на археолошките, етнолошките, историските збирки, како и на збирките на современа уметност.

За време на посетата на „Музејот на албанската азбука“, претседателот на Владата, Џафери, ја виде поставената мобилна дигитална изложба која се состои од 51 фотографии, изработени со најмодерна технологија, на кои се претставени личностите кои придонеле за развојот на албанската азбука низ вековите, фотографии на личности–учесници на Битолскиот конгрес одржан во Битола и 58 документи во музејските витрини. Мобилната или дигиталната изложба се состои од осветлена церада со два монитори. Во музејските витрини има документи кои се од огромно значење, и се сведоштво за албанската азбука низ вековите.

Премиерот, во двете музејски установи разговараше со вработените, за условите за работа и активностите во однос на домашната и меѓународна соработка. Претседателот на Владата, Џафери, истакна дека за Северна Македонија се од голема важност културните пораки кои ги испраќаат овие две значајни државни институции. Тој посочи дека Заводот и музеј во Битола и Музејот на албанската азбука се од исклучително значење за градењето на мултикултурниот живот во земјата.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ