(ВИДЕО) Џафери: Конструктивни разговори за потребата од дорегулирање на односите во Парламентот

Од:

Разговорите во рамки на процесот Жан Моне се одвиваат во контруктивна, работна атмосфера, со консензуален став на учесниците за потребата од регулирање, односно дорегулирање на односите во Законодавниот дом. Тоа денеска пред медиумите го истакна претседателот на Собранието Талат Џафери од Охрид, каде во тек се разговорите на претставници на парламентарните партии во македонското Собрание во рамки на процесот „Дијалог Жан Моне“: Клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи, инициран од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

Џафери во кусата изјава за парламентарниот дијалог, што се одвива зад затворени врати, забележа дека позитивните движења во земјата резултираа разговорите наместо првично предвиденото во Париз да се одвиваат тука.

– Темите на дискусија се најавените – потребата од измени и дополнувања на Деловникот и носењето на етички кодекс, со додадени прашања на она што во други форми веќе е разговарано, а тоа е поголема самостојност и независнот на Собранието. Претпладнево имавме плодна дебата по однос на Кодексот имислам дека таа е завршена по однос текстот изготвен со поддршка на ЕУ и таа очекувам да резултира со консензуално негово донесување како водилка во однос на однесувањето на пратениците во и надвор од Собранието, рече Џафери нагласувајќи го тоа прашање од особена важност за враќањето на довербата во институцијата пратеник.

Тој ја посочи подготвеноста кај сите учесници во разговорите за потребата од усвојување таков документ, изразувајќи уверување дека присуството на сите парламентарни партии ќе придонесат во изнајдување консензуални решенија во насока на поставување на работите онака како што и се очекува од Парламентот.

За самиот Кодекс на однесување во работата на Законодавниот дом тој рече дека е новина оттаму што досега Собранието немало таков документ.

– Тој во целина е новина, во секој случај предвидува морално-етички, а не кривично-правни аспекти, оттаму што по дефиниција пратениците за работата во Собранието не одговараат за она што ќе го кажат, рече Џафери.

Претседателот на Собранието уште ја изнесе оценката дека моментално климата во институцијата обезбедува консензуално работење и усогласеност меѓу политичките партии, што треба да се одржи, као што рече, не само заради важните прашања што евентуално би можело да бидат ставени на дневен ред, туку воопшто поради статусот и надлежностите што Собранието ги има.

Дијалогот во Охрид е предвидено да биде заокружен со заклучоци што ќе бидат презeнтирани на вечерата на која е најавено присуство и на лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и од Беса Билал Касами. Пред нив е предвидено да се обрати и Сергеи Станишев, претседател на партијата Европски социјалисти.

Како вовед во дијалогот синоќа се одржа и вечера за учесниците во разговорите, за кои европратеникот Иво Вајгл рече дека се со цел во отворена атмосфера без присуство на јавноста да се разговара за сите проблеми за кои можеби не е постигнат консензус.

– Сметам дека во работна атмосфера со помош на експерти ангажирани за оваа конференција, може да се дојде со согласност по некои прашања за кои нема да решаваме ние, нема да се решава ниту тука ниту во центарот „Жан Моне“ во Париз, туку во Собранието на РМ. Се разбира ќе стане збор за иднината на Македонија, токму затоа сме тука, се ангажиравме во Пржинскиот договор, и оттаму со големо задоволство можеме да кажеме дека земјата има направено ззначаен чекор напред со добивањето гаранција за безусловно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Се разбира за тоа ќе решава Европскиот совет и можам само да кажам дека сум оптимист во тоа, изјави Вајгл.

Средбата во рамки на „Жан Моне“ процесот се смета како реализација на дел од реформите во земјата имајќи предвид дека прашањата за конституирање на Парламентот и за пратенички прашања се дел од планот „3-6-9“, а разговорите се очекува генерално да придонесат и за подобрување на политичкиот дијалог.

Би можело да ве интересира

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов