Џафери испрати допис до Мандатно-имунитетната комисија за отстуството на Груевски

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ја известува дека пратеникот Никола Груевски неоправдано бил отустен од седниците на Парламентот повеќе од шест месеци, потврдија од собраниската прес-служба.

Според член 59 од собранискиот Деловик, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

Како што се наведува во членот 59, претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

Двотретинското мнозинство кое е потребно да се одземе мандатот сепак е неизвесно, бидејќи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , не откриваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на почесниот претседател на партијата.

Ова може да биде втора шанса да се одземе мандатот на Груевски по неуспешниот обид во ноември , само неколку дена пред бегството на Груевски , кога на 9 ноември се гласаше за одземање на мандатот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со исклучените пратеници од оваа партија беа „против“. Тогаш основа беше барањето од кривичниот суд за симнување на мандатот, бидејќи имаше правосилна пресуда од 2 и пол години затвор, за предметот „Тенк“ .

Никола Груевски во ноември 2018 избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. МВР, Обвинителството и другите надлежни институции се уште не откриваат детали до каде е истрагата за бегството на Груевски , кој е одговорен , дали некој му помогнал и дали имало пропусти во бебзедносниот систем.

Г.Н.Р

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата