Џафери ја прекина седница, ги повика лидерите да договорат мнозинство

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери јавно ги повика лидерите на партиите да се догворат на лидерска средба за да обезбедат мнозинство. бидејќи како што рече не е политичар кој се потпира на “Фејсбук” преписки.

Џафери ја прекина седницата и ја презакажа за петок во 11.00 часот.

Ова реакција на Џафери следи наводно откако генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на “Фејсбук” напиша дека може да направат ново парламентарно мнозинство и да организираат нови избори доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со тактизирање и спречување на гласање на важните закони.

“Сметам дека чесно сум постапувал, сум бил корктен и секогаш сум ги запазувал процедурите. Пораки преку “Фејсбук” не прифаќам, не комуницирам на тој начин” рече Џафери во обраќањето.

Претходно за збор се јави Никола Мицевски кој обвини дека владејачкото мнозинство цел ден ги држело во заложништво пратениците заради партиски договори.

“Праксата продолжува со исто темпо како што почна оваа мнозинство. Чекавме од 9 часот до 22,за да може да тргуваат со гласовите на колегите.

Собранието личи на се, само на законодавен дом не, граѓаните го гледаат тоа и ќе ве казнат.

Дали ова седница не можеше да почне утре и не можам да сфатам цел ден да се малтретираат пратениците да се донесе еден закон за спас на Зоран Заев.

Ова е надвор од секоја логика.”, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов