(ВИДЕО) Џафери: Изборите може да се одложат сѐ додека не се распишани

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите рече дека е можно одложување на изборите, се додека тие не бидат распишани.

Тој, како што рече, планира да свика седница на 3-ти јануари за избор на нова техничка влада, но засега нема најава дали премиерот Зоран Заев ќе ја депонира својата оставка.

Тој додаде дека хипотетички постои можност премиерот да не даде оставка, а тоа значи дека нема да се бира ниту техничка влада. Но како што објасни Џафери, доколку се избере техничка влада на 3 јануари, тогаш изборите треба да се одржат на 12 април.

„Не е можно да се одложат изборите откако ќе се формира техничката влада, затоа што таа влада според пржинскиот договор е со краток мандат за да ги организира изборите, а не да се продолжува нејзиниот рок“, рече претседателот на Собранието.

Според агендата, сепак очекува оваа седница да се одржи на 3 јануари кога ќе се прогласи дека премиерот дал оставка и целата влада е во оставка и истиот ден да даде предлог за технички премиер, а опозицијата да даде имиња за технички министри за внатрешни работи и труд и социјала и тројца заменици министри, според договорот од Пржино.

Што се однесува до законите за кој премиерот Заев побара да бидат донесени итно, Џафери информираше дека власта и опозицијата се усогласени и дека овие 40 закони кои се од областа на финансиите, здравството и социјалата ќе бидат донесени по скратени процедури за да можат да важат од 1 јануари 2020 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски