Џафери и Корчок: Словачка ја поддржува Македонија на евроинтеграцискиот пат

Од:

Евроатлантските интеграции на Македонија, поддршката на Словачка во таа насока, можностите за унапредување на билатералната соработка, особено во економската сфера беа дел од темите за кои денеска во Скопје разговараа претседателот на Собранието на Талат Џафери и словачкиот државен секретар и в.д. министер за надворешни и европски работи, Иван Корчок.

Џафери, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, изразил особено задоволство за можноста да оствари средба со претставник на земја со која Македонија има одлични и долгогодишни динамични билатерални односи на повеќе нивоа.

На парламентарно ниво Парламентот на Словачка го сподели искуството при формирањето на парламентарниот институт во Собранието на Република Македонија.

Џафери го информираше Корчок за поинаквиот, позитивен пристап кон прашањето за евроатлантските интеграции, особено преку подобрување на односите со соседите и отпочнување на реформите што се неопходни за приближување на Македонија до ЕУ и финално, полноправно членство во евроатлантската Алијанса.

Корчок ги потенцираше одличните билатерални односи меѓу двете земји и позитивните трендови на интензивирање на економската соработка преку словачки инвестиции во Република Македонија.

Тој нагласи дека Словачка ќе ја засили поддршката на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и како иницијатор на проектот „Национална конвенција за ЕУ во Република Македонија“, што ќе помогне во исполнувањето на критериумите согласно препораките на Прибе и планот за реформи на македонската Влада.

Џафери ја искажа подготвеноста на Собранието да придонесе во реализација на овој проект, бидејќи неговите цели се во согласност со определбата за отворен парламент за граѓаните и граѓанското општество.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител