Џафери и Димовски се скараа: Дали прв има збор Зврлевски или пратениците?

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се скараа за тоа дали треба да добие збор обвинителот Марко Зврлевски или претходно да поминат репликите на заменик министерот Оливер Ристовски.

Според Димовски, мора да се даде збор на пратениците кои побараа реплика по говорот на заменик министерот, додека пак претседателот на Собранието вели дека е деловнички збор да добија предлагачот, во случајот Ристовски и обвинителот Зврлевски, а потоа да се дадат реплики за говорите на двајцата.

По кратката расправа, Џафери даде пауза по што најверојатно ќе добие збор Марко Зврлевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он