Џафери и Гојковиќ: Местото на Македонија и Србија е во ЕУ

Од:

Местото на Македонија и Србија е во ЕУ. Двете земји се подготвени да ги исполнат своите обврски за да станат дел од европското семејство – е заеднички став на претседателоте на собранијата на Македонија и Србија, Талат Џафери и Маја Гојковиќ, искажан на нивната средба во Белград.

Македонија ја подржува Србија во нормализирањето на односите со Косово, што води кон зачувување на регионалната стабилност, изјави Џафери по средбата, пренесе дописникот на МИА од Белград.

-Иако постојат разлики по одредени прашања тоа не преставува пречка за унапредување на дијалогот и продлабочување на сеопфатната билатерална, регионална и мултилатерална соработка на двете држави. Во прилог на оваа заложба е и заедничката седница на двете влади во насока на економаската соработка и на инфраструктурното поврзување, со темпо диктирано од Берлинскиот процес, изјави Џафери.

Тој додаде дека Македонија и Србија ќе работата на заедничкиот настап на трети пазари и на промоцијата за привлекување инвестиции и туристи.

Според Маја Гојковиќ, на средбата е разговарано за сите теми кои во минатото беа препрека за соработката меѓу парламентите на двете земји. Таа изрази подготвеност српското Собрание да му пружи на македонското Собрание политичка и техничка помош и да го сподели своето искуството во процесот на придружувањето на Македонија кон ЕУ.

-Испративме порака до нашите граѓани и до ЕУ дека државите од регионот на Западен Балкан можат и сакаат добро да соработуваат по сите прашања, за ЕУ интеграциите, за регионалната соработка, образованието, економската соработка, како и за положбата на малцинствата во двете држави, изјави Гојковиќ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево ќе оствари средба со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ