Џафери го потпиша законот за јазици и го испрати кај Иванов

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го потпиша законот за употреба на јазиците што беше усвоен денеска во Собранието и го испрати кај претседателот Ѓорге Иванов, којшто треба да го потпише.

Претседателот на Собранието истиот ден по донесувањето законот го доставува до претседателот заради потпишување на указот за прогласување на законот. Согласно со законот, во рок од седум дена од денот кога ќе му биде доставен законот заради потпишување на указот на законот, претседателот го потпишува указот за прогласување на законот или писмено го известува претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.

За законот гласаа 64 пратеници. На гласањето не му претходеше амандманската расправа која ја бараше опозицијата. Собраниското обезбедување спречи инцидент меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и собранискиот спикер Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски