(ВИДЕО) Џафери: Гласам ЗА европска Македонија, за држава во која ќе можеме европски да живееме

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, ги повика сите на 30-ти септември да им подариме на генерациите по нас достоинствена татковина, татковина која нема проблем ниту со историјата, ниту со географијата, татковина која е заедничка и рамноправна за сите.

– Мојот избор одамна е, гласам ЗА европска Македонија за држава во која ќе можеме европски да живееме, а не да тежнееме да одиме во Европа, рече Џафери.

Ако во оваа наша заедничка држава, продолжи тој, уште од независноста, во различни периоди имало прашања што не делеле или пак сме имале различни ставови, членството во НАТО и ЕУ, ќе биде кохезијата, не само меѓуетничката туку и меѓупартиската, меѓуопштествената и меѓуверската кохезија за заедничка перспектива.

– Нашата земја заслужува да ги доживее ефектите што ги носи евроинтеграцискиот процес, додека сите ние заедно, заслужуваме да бидеме сопатници во овој процес. Бројни се причините што ме тераат да мислам вака, но ќе спомнам само три од нив: Прво – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО се негуваат цивилизациските вредности на културниот, етничкиот и верскиот соживот. Второ – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО, никој не смее да го оспори етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет. Трето – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО, сите тешкотии се надминуваат преку колективната солидарност, рече Џафери.

Длабоко сум убеден, нагласи Џафери, дека ние ќе бидеме уште посреќни по 30-ти септември, а часовникот на историјата ќе тропне и на совеста на оние што без некоја рационална причина се двоумат да кажат Да на евроинтеграциските процеси на земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он