Џафери: ЕУ не се бави со прашањето Иванов, не очекуваат друго однесување од него

Од:

Однесувањето на Ѓорге Иванов и непотпишувањето на 15 закони, изгласани од Собранието, дел од нив и реформски, нема да влијае и нема да има последици на одлуката на Европскиот совет. Тие, рече во изјава, претседателот на Собранието на Република Северена Македонија, Талат Џафери, се свесни дека законите се донесени во предвидениот рок, и дека оние за кои треба прегласување повторно ќе се изгласаат и ќе станат активни.

„Европската унија веќе не се бави со прашањето Иванов, знаат дека е на крај на мандатот, и не очекуваат друго однесување од него“, рече Џафери.

За законите кои не се носат со 80 гласови, Џафери е должен да закаже седница во рок од 30 дена, рокот е до 28 март, но бидејќи тогаш ќе има седница за пратенички прашања, седницата најверојатно ќе биде закажана на 27 март.

– Законите кои се донесоа со 2/3 мнозинство, меѓу нив и Законот за судовите, според Уставот, Иванов не може да ги врати повторно во собраниска процедура. Тој е должен да ги потпише, рече Џафери.

Џафери не ја исклучи можноста Законодавниот дом да работи и во април кога ќе почне кампањата, но и не мора. Негова обврска е да ја закаже седницата, но гласањето ќе зависи од должината на дискусиите и пријавените пратеници за збор.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада