Џафери: Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија

Од:

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ја посети првата градинка во општина Арачиново. Градинката има капацитет за згрижување 115 деца. Вкупната вредност на проектот изнесува над 45 милиони денари.

Посетата на градинката, како што изјави Џафери, е негова дневна активност, покрај тие во Кабинетот.

– Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија. Основна работа ни е да бидеме во ваква директна комуникација со граѓаните и одблиску да ги гледаме потребите. Задоволство е да ги видам овие предуслови овде кои што се наменети за најмилите, најмладите кои што од мали нозе ќе имаат можност да прават разлика што е убаво, што е добро и тоа секако ќе влијае и врз нивниот интегритет и градењето на нивната личност, од тука па се до ситуација кога ќе дојдат да бидат полнолетни. Од тука се гради практично перцепцијата за обврските кои ќе следат во време кога ќе се нафатат на тие обврски, рече Џафери.

Тој упати честитки за новиот објект, истакнувајќи дека родителите ќе бидат поспокојни знаејќи дека децата ги оставаат во соодветни услови, во соодветна грижа.

– Особена почит за екипата која ќе се грижи за децата овде, тие кои се ангажирани. Почит поради работата која ја вршат, рече Џафери на настанот, придружуван од градоначалникот Ридван Ибраими.

Би можело да ве интересира

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери: Се ќе сториме за да ги исполниме потребите на студентите

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Средба на премиерот Џафери со претседателот Зеленски во Тирана: Потпишана Заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина

Законите не се засноваат на поединечни случаи, вели Џафери во врска со случајот на Леонид Индов