Џафери до Зеленски: Онемен сум, и покрај тоа што сум војник, и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот

Од:

Спикерот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, при посетата на Украина, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Моето искрено и најдлабоко сочувство до децата, родителите, жените и мажите кои ги изгубија најмилите. Денес сум Украинец.

Се извинувам за прекршувањето на протоколарната рамка почитуван претседателе на Украина, г. Зеленски и почитуван колега Стефанчук, но, онемен сум и за она што сакам да го кажам, доволна ми е една минута. И покрај тоа што сум војник, и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот. Онемен и бесен. Бесен на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за која што верувавме дека е дел од историјата. Растревожен сум од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, а видов само дел во Буча и Ирипин. Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија.

Во чест на загубените животи се обврзуваме да ви помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното.
Искрено го почитувам времето за говор кое што ми е доделено од домаќините, па дозволете да го нагласам и следново:

Лично ќе се заложам за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина. Фактот што сум во Украина, им дава уште поголема тежина на моите активности како претседател на законодавниот дом кој што е седиште на демократијата и институција во која се донесуваат клучни државни одлуки.

Усвојувањето на „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ на 3 март во нашето Собрание; како и ко – спонзорирањето на резолуции и иницијативи кои бараат Русија веднаш да престане со употреба на сила во Украина и да ја повлече својата војска ја потврдуваат нашата цврста, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност со украинскиот народ. Република Северна Македонија ја поддржа и Одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа. Дополнително, се приклучивме кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација, иако не сме членка на ЕУ.

Овој акт на агресија уште еднаш потврди колку е значајно проширувањето на Европската унија за безбедноста, стабилноста и демократската консолидација на Европа.

Благодарност до сите борци за слобода во Украина што во воени услови ни овозможија безбедно да допатуваме во Украина и што го делат лебот со нас.

Иако имам тешкотија да ве погледнам во очи, ќе ви посакам да сте силни и истрајни до слобода на Украина и украинскиот народ! Ви благодарам на вниманието“, изјави Џафери на сребата.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, двајца се повредени во Харков

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков